Само три гема за Џазири, „Ѓоковиќ експрес“ во Дубаи! (ВИДЕО)

фото: твитер

Победничко враќање на првиот светски рекет на турнирот, за српскиот тенисер ова е вкупно 19. победа по ред и го продолжи походот кон титулата.

Новак Ѓоковиќ лесно го совлада Малек Џазири на стартот од турнирот во Дубаи со 2:0 (6:1, 6:2). Во наредната рунда, првиот светски рекет в среда ќе игра против Филип Колшрајбер.

Српскиот тениски ас ја оправда фаворитската улога, лесно освојуваше поени, па брзо стигна до предност од 5:0.

Џазири освои еден гем, што публиката го дочека со аплауз, а натпреварот од Тунис тоа го проследи со насмевка.  Секако, Новак во следниот гем го заврши првиот сет, за што му беше потребно 27 минути.

Џазири на почетокот од вториот сет даде максимум, Ѓоковиќ малку се опушти, што донесе возбудлив и неизвесен почеток на вториот дел од играта.

Сепак, после 3:2, Новак повторно одигра подобро и брзо дојде до победата. Турнирот во Дибаи се игра за награден фонд од 2.794.840 долари, а поради повреда титулата не ја брани Рожер Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот