Само трагичната смрт на Дражен може да се спореди со оваа на Коби

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер, не можеше да го одбегне прашањето поврзано со трагедијата на Коби Брајант.

На еден од тренинзите по смртта на Коби Брајант, Кер беше запрашан дали ова е најголемата трагедија во историјата на НБА лигата.

– Мислам дека е. Подеднакво бевме шокирани котга дознавме дека Меџик Џонсон е ХИВ позитивен бидејќи во 1991 година мислевме дека има само уште една година живот. Фала му на Бог, Межиќ сè уште е жив и има среќен и исполнет живот.

Но, доколку зборуваме за оние кои не се помеѓу нас, ваков шок и тага почувствувавме само уште еднаш, во 1993 година кога загина Дражен Петровиќ. Дражен беше голем кошаркар, а Коби е еден од најдобрите во историјата. И тогаш како и денеска, и за Дражен и за Коби, не можете да поверувате дека тоа се случи и нешто не ви дава да се помирите со ваквата трагедија – изјави Стив Кер.

Стив Кер како кошаркар освои пет шампионски титули, три со Чикаго булс како дел до тимот кој го предводеа Мајкл Џордан и Скоти Пипен, а останатите две ги освои со Сан Антонио спарс.
Кер има и три шампински титули како тренер на Голден Стејт вориорс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот