Само со негативен тест за Ковид-19 во Португалија

Фото: EPA-EFE/EDUARDO COSTA

Сите кои пристигнуваат во Португалија од денеска мора да носат негативен резултат на PCR-тест извршен до 72 часа пред да се качат во авион. Исклучок се прави само за деца до две години, соопшти Министерството за надворешни работи.

Оние граѓани на Европската унија, земјите од Шенген, трети земји кои престојуваат во Португалија и дипломати акредитирани во земјата кои, прекршувајќи го условот, се примени на летот без негативен тест за PCR, ќе бидат упатени по пристигнувањето од надлежните органи да напшраат тест на своја сметка на аеродромот, каде треба да го чекаат резултатот. Тие, исто така, носат административна и кривична одговорност за повредата, според португалскиот закон.

Патниците кои пристигнуваат во Португалија со летови од земјите-членки на ЕУ или земјите од Шенген зоната со повеќе од 500 случаи на инфекција со Ковид-19 на 100.000 луѓе во последните 14 дена: Чешка, Словенија, Шпанија, Естонија и Летонија, покрај обврската негативен тест за PCR направен до 72 часа пред да се качат, подложат на задолжителен карантин од 14 дена по пристигнувањето во Португалија. Исклучок од задолжителниот карантин се прави само за итни патувања и престој во земјата не подолго од 48 часа, докажано со повратен билет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот