Само што ја наследи „десетката“ на Меси, Ансу Фати може да ја напушти Барселона

фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Со заминувањето на Лионел Меси во ПСЖ, легендарната „десетка“ во Барселона стана слободна, а каталонскиот тим брзо одлучи на кого да го додели дресот со број 10.

Изборот падна на тинејџерот Ансу Фати кој уште додека беше дел од славната академија Ла Масија, беше означен како идна ѕвезда на каталонскиот тим и наследник на Лионел Меси.

Минатата сезона поради повреда пропушти голем дел од натпреварите, но оваа сезона се е подготвено за тинејџерот да ја добие главната ролја во каталонскиот тим.

Но, денеска во шпанските медиумми се појави информација која може да разгневи фановите на Барселона. Имено, суперагентот Жорге Мендеш веќе го понудил Ансу Фати на Манчестер сити. Наводно, на тој начин, Мендеш сака да ја натера управата на Барселона да реагира побрзо и да му понуди нов договор со далеку поголема плата од сегашната. Актуелниот договор на младиот фудбалер со Барселона истекува идното лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот