Само што излегле од породилиштето, го заборавиле своето бебе во такси

Родители на штотуку родено бебе го заборавиле своето новороденче во такси, откако од болницата пристигнале пред својата куќа, објави хамбуршката полиција.

Кога ја сфатиле грешката, таткото се стрчал кон автомобилот, но таксистот не го забележал. Ниту со повикувањето на такси службата родителите не успеале да го лоцираат своето бебе.

Возачот не ни бил свесен дека сеуште го вози бебето, па го паркирал својот автомобил во подземна гаража и заминал на пауза за ручек.

По враќањето, возел неколку километри за да дојде до следниот муштерија, кој, конечно, во автомобилот забележал заспано бебе.

Следел повик кон полицијата, која конечно, успеала повторно да го поврзе бебето со загрижените родители и едногодишната сестричка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот