Само што дојде во Дортмунд, Халанд се сели во Англија

twitter/Borussia Dortmund

Младиот Норвежанец Ерлинг Халанд, со неверојатните настапи во последно време ја залуде фудбалска Европа.

Халанд првиот дел од сезоната го помина во Салзбург, додека од јануари е член на Борусија Дортмунд и не престанува да ги воодушевува фановите.

Халанд со „милионерите“ потпиша четиригодишен договор, но неговиот менаџер Мино Рајола успеа да вметне клаузула со која одличниот напаѓач може да си замине доколку пристигне понуда тешка 75 милиони евра.

Според англискиот „Мирор“, Халанд најверојатно само една полусезона ќе го носи дресот на Борусија Дортмунд и на лето ќе се пресели во Премиер лигата. За него голем интерес пројавува Манчестер сити кој е подготвен да ја плати откупната клаузула,а во Халанд ја гледаат идеалната замена за Серхио Агуеро.

Се очекува Сити да има огромна конкуренција на потписот со Халанд бидејќи сите најголеми европски екипи како Јувентус, Барселона, ПСЖ, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Челси, Манчестер јунајтед, се заинтересирани за неговите услуги.

Халанд во досегашниот дел од сезоната одигра 27 меча вкупно за Салцбург и Дортмунд, а притоа постигна дури 36 голови во сите натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот