Само што дојде, веќе мора да си оди од Реал Мадрид

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ се наоѓа на излезни врати од Реал Мадрид иако на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна ова лето. Според „Дон Балон“, Јовиќ не успеал да го импресионира тренерот Зинедин Зидан кој пак одлучил да го прати Србинот на позајмица.

Засега не се знае каде Јовиќ ќе игра во наредната сезона, но за шпанските медиуми, разочараноста на Зидан претставува изненадување бидејќи тој даде зелено светло во овој преоден рок да се платат 60 милиони евра на Ајнтрахт Франкфурт за абгажман на српскиот репрезентативец.

Евентуалното заминување на Јовиќ од „Сантијаго Бернабеу“ ќе му отвори нови проблеми на Зидан бидејќи освен Карим Бензема нема друг напаѓач на располагање. „Дон Балон“ наведува дека поради тоа Реал Мадрид планира да го ангажира најдобриот стрелец на Џирона, Кристијан Стуани за седум милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот