„Само сè да биде добро“: Готвењето вечера за пријатели е многу стресно

pexels

Изгледа дека кулинарските емисии оставаат прилично голем притисок на луѓето што понекогаш готват вечера, бидејќи тие сакаат да им остават добар впечаток на своите пријатели.

Истражувањето открило дека 16 отсто од луѓето лажат во текот на готвењето, а тоа никогаш не им го кажуваат на пријателите, а секој петти воопшто не готви, туку купува готова храна, па кажува дека ја приготвил сам.

unsplash

Во истражувањето учествувале 1.007 луѓе, а 24 отсто признале дека подготовката на вечера за пријатели им е постресна од одењето на разговор за работа.

Четириесет и четири проценти изјавиле дека чувствуваат анксиозност, а 57 отсто од нив забележале дека се под голем стрес додека готват вечера за пријателите. Домаќините најчесто стравуваат дека храната ќе биде лоша и нема да им се допадне на гостите. Но, и покрај сето тоа, вечерите со пријателите се најпопуларен начин за дружба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот