Само поради два милиони евра останаа без Кристијано Роналдо!

фото: твитер

Португалецот уште како тинејџер го покажуваше фудбалскиот талент, а по ЕП за кадети во 2002 имаше понуда од тимот на Малага.

Кристијано Роналдо, петкратниот освојувач на „Златната топка“ и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња беше на почетокот на кариерата многу блиску до потпис со шпанскиот фудбалски клуб Малага.

Португалецот својот голем талент го покажуваше уште додека беше тинејџер, а Европското првенство за кадети, кое во 2002 година се играше во Данска, беше местото каде што можеше да се ужива во огромниот потенцијал кој се развиваше.

Тогаш екипата на Малага на тој континентален собир испрати свој претставник, Карлос Ринкон, кој во тоа време уживаше голема доверба од претседателот на клубот кој секогаш го слушаше кога се во прашање младите играчи.

Беше добар „скаут“, па на споменатиот шампионат го препозна и потенцијалот на Роналдо.

– Кристијано и како помлад ги покажуваше квалитетите кои ги има денес. Беше играч со значајно добра физичка сила, со спектакуларно добар удар. Присуствував на големи турнири во Европа, Америка и Јужна Африка, и имав задача да ги обезбедам контакт телефонските броеви од тројца најдобри играчи на турнирите. Кога заврши ЕП У17 во Данска, имав броеви од тројца најдобри играчи. Тогаш ги гледав на телевизија, не бев на натпреварите.

Контактиравме со семејствата на фудбалерите со цел да ги запознаеме агентите и им испратиме понуди. Во таа приказна беше Кристијано. Во тој период сеуште не дебитираше за првиот тим на Спортинг Лисабон, а ние испративме понуда преку Жорге Мендеш. Имавме утврдена количина на пари, не можевме да правиме никакви понатамошни вложувања. Тогаш понудивме 1,5 милион евра, а играчот вредеше 3,5. Не ги продолживме преговорите, бидејќи не можевме да ја достигнеме таа сума. Добрите играчите никогаш не се прескапи, но тие пари ги немавме (беа пократки за два милиони евра) – вели Ринкон.

Тој додаде уште само дека само еден месец или два подоцна Роналдо дебитираше за првиот тим на Спортинг преку кој и направи трансфер во Манчестер јунајтед. Останатото е историја…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот