Само Пеп игра офанзивен фудбал

EPA/NIGEL RODDIS

Холанѓанецот Луи ван Гал тврди дека само еден тренер во сегашниот фудбал форсира офанзивна игра. Според Холанѓанецот, тоа е тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

– Остана само еден тренер кој форсира офанзивен фудбал, Пеп Гвардиола. Ернесто Валверде со Барселона се обидува да биде агресивен, но не е како Гвардиола. Истото важи и за Јирген Клоп – вели Ван Гал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот