Само неколку месеци по смртта на неговиот син, комичарот Ник Кенон го чека своето осмо дете

Водителот, комичар, актер и рапер Ник Кенон повторно ќе стане татко, по осми пат. Имено, синот на Ник, Зен, почина од тумор на мозокот во декември 2021 година. Имаше само пет месеци, а ожалостениот татко ја сподели тажната вест во ток-шоуто „Tuesday morning“.
Осмото дете Ник го чека со новата девојка Бри Тиези. Среќните родители наводно за време на забавата откриле дека ќе добијат момче, пишува „Mirror“.
View this post on Instagram
На фотографиите кои неодамна ги објави американскиот „TMZ“, може да се види како парот позира во бели комбинации на забавата додека Ник цело време ја држи раката на стомакот на девојката.
View this post on Instagram
Да потсетиме, покојниот син Зен, седмото дете, Ник го доби со Алиса Скот. Испитувањето покажало дека во мозокот му се насобрала течност и се покажало дека станува збор за малигнен тумор. Имено, здравјето на детето се влошило околу Денот на благодарноста, односно при крајот на ноември.
„Туморот почна да расте многу побрзо. И така знаевме дека е време…“, изјави Ник по смртта на неговиот син во декември.
Инаку, Ник и поранешната сопруга Мараја Кери ги имаат близнаците Монро и Марокан. Покрај починатиот син Зен, тој е татко на уште четири деца.