Само на ваков начин ќе бидат свежи како штотуку набрани: Како правилно да го замрзнете зеленчукот?

Фото: Unsplash

Иако замрзнувањето го забавува дејството на ензимите, тоа не го спречува целосно – затоа, повеќето производи бараат одреден метод на термичка обработка, главно бланширање, за да ги инактивираат зрелите ензими и да ја зачуваат бојата, текстурата и вкусот на производите што сакаме да ги зачуваме

За да го бланширате зеленчукот, треба да го ставите измиениот, подготвен зеленчук во тенџере со зовриена вода. Водете се според соодносот на приближно еден литар вода по килограм подготвен зеленчук. По бланширањето, натопете го зеленчукот во ладна (можете да додадете мраз) вода онолку долго колку што сте го бланширале. Повеќето замрзнати производи можат добро да се зачуваат девет до дванаесет месеци.

ГРАШОК
Бидејќи станува збор за многу нежен и чувствителен зеленчук, за да бланширате грашок потребни ви се само 5 минути. Грашокот го натопувате во вода заедно со мешунката и по две до три минути мешунките се отвораат, и зрната можете да ги одделите. Ги ставате во ладна вода со додавање мраз, а потоа ги замрзнувате. На овој начин, со брзото бланширање ги зачувувате корисните својства на билката, вкусот и изгледот.

ПЧЕНКА
Можете да ја оставите свежа и да ја замрзнете без бланширање, а можете и набрзина да ја бланширате. Отстранете ги лушпите и свилата, исечете ги краевите. По бланширањето, пченките завиткајте ги поединечно.

МОДАР ПАТЛИЏАН
Исечете го на парчиња или на коцки, посипете со сол и оставете да се исцеди околу триесетина минути. Бланширајте неколку минути, изладете во ладна вода и мраз, додадете малку маслиново масло и замрзнете.

ПИПЕРКИ
Сите видови пиперки, вклучувајќи ги и лутите и чили пиперките, може да се замрзнат без никаква термичка обработка. Кај нас, највообичаен начин за чување на пиперките е печењето во рерна или краткото варење, па потоа замрзнувањето, но и користењето на пиперките за подготовка на ајвар и туршија. Меѓутоа, добра идеја е одредена количина на пиперки да се зачува во својата оригинална форма во целина или исечена.

ДОМАТИ
За чување на доматите можете да искористите еден од овие три методи:

Метод 1: Измијте ги, исечете ги доматите на половини, четвртини или оставете ги цели. Исушете ги и спакувајте ги во ќеси за замрзнување. Отстранете го воздухот. Метод 2: Натопете ги доматите во врела вода една минута. Извадете ги и исушете ги. Ставете го на послужавник и замрзнете 30 минути. Ставете ги во пластични ќеси, отстранете го воздухот, запечатете и ставете етикета.

Метод 3: Динстајте ги сечканите домати во тава пет минути или додека не омекнат. Поминете ги низ сито или мелница за храна за да ги отстраните кожичките и семките. Изладете ги и спакувајте ги во соодветни садови.

ТИКВИЧКИ
Измијте ги, исечете ги краевите, исечете ги на парчиња или ленти и бланширајте во вода три минути. Изладете ги, исушете ги и спакувајте ги, а потоа замрзнете ги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот