Само Моника Белучи може да облече црно чипкасто боди, а да не изгледа евтино (ФОТО)

Profimedia
Profimedia

Моника Белучи е една од најгламурозните жени во светот. Деновиве на еден културен настан во Италија се појави во секси црно комбинација.

Иако чипкастото боди во прв план ги истакна нејзините гради, глумицата изгледот го ублажи со елегантен блејзер, широки панталони и високи црни потпетици.

Profimedia

Модерната фризура одлично ги нагласува нејзините очи, а сребрените обетки ѝ даваат младешки изглед.

Profimedia

Глумицата веќе некое време не е видена со нејзиното помладо момче, Николас Лефебре (36), па се претпоставува дека нејзината нова фризура е резултат на новиот „сингл“ живот.

Monica Bellucci i Nicolas Lefebvre
Profimedia

На прашањето на новинарите дали размислува повторно да се мажи, Моника одговорила:

„Кога претходно двапати сте се мажеле, сега мора повеќе да размислувате за да сфатите што се случило и зошто сте се развеле. Да речеме дека сега сум во фаза на учење“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот