Само Мицкоски поднел кандидатура за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, вели Ковачки

Христијан Мицкоски во Свети Николе
Христијан Мицкоски/ Фото: ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДСМ ќе избираат лидер на избори, кај нас тоа ќе биде на Конгрес. На него ќе ја разгледаме новата доктрина на партијата“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во вечерашното гостувањето на ТВ Сител.

Според него, на Конгресот на 12 декември треба да се усвојат и стратешките документи, но и идните насоки за дејствија на партијата затоа што, како што вели, планираат да ја освојат власта на следните предвремени парламентарни избори.

-Единствено Мицкоски ја најави кандидатурата. Според Статутот, секој кој ги исполнува условите, може да се пријави, дури и до самиот ден на изборите 12-ти декември, недела. Не можам да шпекулирам дали ќе има и други кандидати, посочи Ковачки.

Видео на денот