Само една чаша од овој напиток ќе ви подари енергија за целиот ден (РЕЦЕПТ)

Овој напиток е идеална замена за секој оброк кој досега сте го појадувале. Да подготвите супер здрав и интересен пијалок без да потрошите многу пари е полесно отколку што мислите.

Она што е предност кај ваквите пијалоци е фактот што не ви требаат многу намирници, па затоа производите кои ви се потребни како состојки ќе ви траат некое време, а бидејќи се ставаат во мали количини, ќе можете да ги користите повеќе пати.

Смутито е многу популарен пијалок и можеби единствениот напиток во светот во кој можете да ставите разни видови на овошје и зеленчук, а истиот да остане вкусен. Веќе е познато дека овој пијалок го забрзува метаболизмот, но исто така го поттикнува и разградувањето на масните клетки.

Тој е хранлив и освежувачки, а истиот може да биде одличен сојузник во губење на вишокот килограми.

Потребни состојки:

• ½ шолја незасладено бадемово млеко

• половина замрзната банана

• ½ шолја замрзнати цреши (вишна или некое црвено овошје)

• 1 лажичка какао во прав

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете кремаста текстура. По потреба, додадете бадемово млеко за да ја добиете посакуваната густина.

Ваквото смути е совршен напиток за секој дел од денот, а за негова припрема можете да користите намирници кои најмногу ви одговараат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот