Само ЕДЕН ВИНОВНИК предизвикува главоболка во ПМС: Тоа им го уништува месецот на жените

Profimedia
Фото: Профимедиа

ПМС-от варира од жена до жена, но заедничко за сите е што чувствуваат грчеви во стомакот, желба за благо и нагли промени во расположението.

Но, дел од жените чувствуваат и главоболки, наречени уште предменструални мигрени, кои може да бидат сериозно неподносливи. Најчесто исчезнуваат кога почнува крварењето или пак до третиот ден од циклусот.

Оваа мигрена се разликува од обичната поради тоа што е предизвикана од падот на естрогенот, кој е најнизок во последните 2-3 дена пред да започне крварењето. Токму поради ова се намалува и прагот на толеранција на болки и жените ги чувствуваат поинтензивно од вообичаено.

Кај голем број девојки и жени, оваа мигрена резултира и со болки во желудникот, мачнини и повраќање. Предменструалната мигрена е почеста кај жените кои се склони кон мигренозни главоболки.

Најдобра превентива е квалитетниот сон, здравата исхрана и хидратацијата на телото. Во овие случаи нема потреба да избегнувате да пиете лекови, бидејќи ако болката стане неподнослива, може крајно да ве исцрпи, па дури и да дехидрирате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот