Само ЕДЕН ТРИК ве дели од природен изглед кога носите пудра

шминка

Не е лесно да се пронајде пудра која точно одговара на вашето лице, па некои жени и девојки трошат многу време и пари додека да дојдат до совршениот производ.

Но, дури и тогаш се случува да се познава дека носат пудра. Постои еден едноставен трик кој ќе помогне да постигнете што поприроден изглед на тенот.

Познатиот шминкер Вејн Гос тврди дека со додавање капка масло (бадемово или од јојоба), ќе успеете во тоа, а нема да ја намалите покривноста на пудрата. Можете да изберете и друго масло кое одговара на кожата.

Со ова, добивате текстура која лесно се нанесува на лицето, а трошите и помала количина од козметичкиот производ. Резултатот е беспрекорен, а во исто време и природен изглед, како воопшто и да не носите пудра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот