Само еден рекорд во НБА лигата не може да биде надминат!?

фото: твитер

Не толку познатиот Кал Боудлер, екс играч на Атланта, запиша шест лични грешки и требаше да биде исклучен, но изненадувачки никој не го забележа тоа..

Најмногу поени во еден натпревар во НБА лигата имаше легендарниот Вилт Чемберлејн со точно 100 поени. Тој воедно го држи и рекордот со најмногу скокови во еден меч, вкупно 55.

Скот Скајлз го држи рекордот кога се во прашање асистенциите, запишуваќи 30 на еден меч.

Можеби ќе се појават некои, нови големи кошаркарски имиња што ќе ги надмине овие фантастични рекорди, но има еден рекорд кој никогаш нема да биде надминат.

Станува збор за рекордот на Кал Боудлер, самото име не е толку познато, поранешен играч на Атланта, единствено НБА искуство, потоа кариерата ја продолжи во Италија.

Овој центар, висок 2,08 метри на мечот одигран на 13 ноември 1999 година помеѓу неговите Хокси и Блејзерси, направи шест лични грешки и според правилата требаше да биде исклучен.

Но, изненадувачки никој од судиите не забележа, ниту од записничката маса, дури и противникот не реагираше.

Во понатамошниот период од натпреварот запиша и седма лична грешка, нешто што никогаш не е направено во историјата на НБА.

Сличен „рекорд“ запиша многу години подоцна, во 2014, Роберт Сакре од Лејкерси. И тој играше со шест лични, но во различни околности, откако „езерџиите“ поради еден играч помалку во составот останаа без замена, па Сакре, според правилникот, можеше да остане на паркетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот