Само еден процент од жените земаат 40.000 денари плата

Најновите податоци од Државниот завод за статистика го покажуваат економскиот јаз по родова основа.

Па така, од вкупниот број вработени во земјава, 60,8 проценти се мажи, а 39,2 отсто се жени.

Од невладиниот сектор исто така покажуваат дека иако работат исто – трудот на жените се вреднува за 18 отсто помалку во однос на мажите. Во земјава од вкупниот број работодавци, само 19,4 отсто се жени.

Според истражувањето на Државниот завод за статистика, бројките покажуваат дека сѐ уште е присутната родовата нееднаквост. Во земјава во 2017 година имало 290.387 вработени жени, или стапка на вработеност од 34,6 отсто, а бројот на вработени мажи изнесувал 450.261, или стапка на вработеност од 53,6 проценти.

„Вработеноста во Република Северна Македонија се карактеризира со многу неповолна полова структура. Оваа структура е непроменета во еден подолг временски период, пред сè, поради нестабилните економско-социјални услови во земјата и неусогласеноста на расположливите и потребните профили на пазарот на труд. Стапката на невработеност кај жените изнесува 21,8 отсто, а кај мажите 22,7. Стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 44,3 проценти, а забележливо е повисока кај мажите и изнесува 69,3 отсто“, се наведува во истражувањето на Државниот завод за статистика.

Секторски, жените доминираат во образованието, администрацијата, финансиските дејности, здравствената и социјална заштита, преработувачката индустрија.

Од вкупниот број на вработени жени само 1 % или 2 979 вработени земаат плата повисока од 40 000 денари додека од вкупниот број на вработени мажи , оваа плата ја земаат 9 284 или 2,1%. Големи разлики има и кај висината на платат од 25 000 денари до 30 000 денари, па така оваа месечна сума ја земаат 3,9% од жените а 5,2% од мажите. Од друга страна пак официјалните податоци покажуваат дека во вкупниот број на вработени со високо образование, жените учествуваат со 51,7% а мажите со 48,3%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот