Само еден пациент позитивен на коронавирус се лекува во болницата „8 Септември“

Фото: ТВ24

Директорот на градската општа болница „8 Септември“ Христијан Костов на ТВ 24 потенцираше дека болницата е одредена да влезе во борбата против новиот коронавирус.

Како што информираше Костов, направена е реорганизација и прераспредеба на персоналот со цел да се искористи во таа борба, а целокупниот ресурс на болницата е ставен во служба. Реорганизацијата ќе служи за пациенти со потребен инвазивен третман или со високо или ниско суспектни на вирусот. Останатите пациенти кои се се јавиле во тријажниот центар ќе бидат прегледувани, каде ќе се утврди дали се суспектни на вирусот.

– Имаме пациент, ние имаме пациенти и ќе имаме и тоа не не плаши. Спремни сме да ги прифатиме позитивните пациенти. Од 30 досега тестирани, само кај еден е добиен позитивен резултат. Со оглед дека му беше потребна хируршка интервенција, пациентот е префрлен на Инфективната клиника. Кај другите резултатите беа негативни – рече Костов.

Кај медицинскиот персонал не е регистриран позитивен на тестирањата. Ако се зголеми бројката на новозаболени, тогаш ќе се зголеми и обемот на капацитетот на работа, посочи Костов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот