Само два нови случаи на коронавирус во Словенија

По неколкудневното зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во Словенија, денеска здравствените власти објавија дека се откриени само два нови случаи, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Позитивни на Ковид-19 се лица од Копер и Љубљана.

Оваа бројка новодијагностицирани, според епидемиолозите, е смирувачка, имајќи предвид дека вчера беа потврдени осум позитивни, што претставува најмногу дневни случаи од 29 април, кога беа регистрирани 11 новозаразени со коронавирусот.

Епидемиолозите изјавија дека најголем дел од новите случаи се „увезени” и апелираат да се променат правилата за влез во земјата, а во спротивно стравуваат дека може да се зголеми бројот на заразени, поради што ќе биде потребно повторно воведување рестриктивни мерки за граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот