Само Џенифер Лопез до 50 години во тесен кожен фустан изгледа како БОЖИЦА (ФОТО)

Џенифер Лопез летоска угаси 50 свеќички на својата торта, а уште изгледа како божица.

Всушност, многумина се согласуваат дека актерката во шестата деценија изгледа подобро од било кога, а тоа одлучи да го докаже и со новиот сет слики кои ги направи за магазинот GQ.

Џенифер на фотките позира во ултра тенок кожен фустан кој ги покажува сите нејзини облини, а шминкерот се потрудил да изгледа како на лицето да нема ништо. Актерката на сликите се држи за левата града, а изданието распамети илјадници фанови ширум светот.

За споменатиот магазин Џенифер проговори за својата врска со Алекс Родригез.

„Слични сме. И двајцата се водиме со силни амбиции и страст. Напорно работиме и изразено се почитуваме еден со друг“, изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот