Само четири европски клубови потрошија повеќе пари од Рома на Мурињо

Португалецот Жозе Мурињо има сериозни амбиции со римската „волчица“/Фото:EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Во досегашниот дел од летниот преоден рок, Рома потроши 97,7 милиони евра на нови играчи.

Римскиот гигант на крајот од минатата сезона објави дека Жозе Мурињо ќе го води клубот од ова лето, и тој не е единствениот потег со кој клубот од „Олимпико“ ги покажува големите амбиции.

Само Манчестер сити (127,5 милиони евра), Манчестер јунајтед (125 милиони евра), Челси (115 милиони евра) и Астон Вила (105,6 милиони евра) потрошија повеќе пари од Рома на нови играчи.

Рома ангажираше досега шест играчи, а најмногу плати за Тами Абрахам, кој пристигна од Челси за 40 милиони евра.

Покрај него, дојде и Елдор Шомуродов од Џенова за 17,5 милиони евра, потоа Матијас Вина од Палмеираш за 13 милиони евра, Руи Патрисио од Вулверхемптон за 11,5 милиони евра, Рожер Ибанез од Аталанта за девет милиони евра и Брајан Рејнолдс од Далас за 6,7 милиони евра.

Кога е во прашње заработувачката, клубот ги позајми Пау Лопез и Ченгиз Ундер на Марсеј за вкупно 1,2 милиони евра, додека еден од најдобрите напаѓачи во историјата на клубот, Един Џеко, се пресели во Интер без отштета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот