Само бод за светските вицешампиони против Азербејџан (ВИДЕО)

twitter.com/Footie_Matters

„Коцкестите” го отворија резултатот уште на стартот, по голот на Лука Модриќ од белата точка. Избраниците на Златко Далиќ имаа иницијатива, но не постигнаа втор гол за да го запечатат својот успех и беа казнети по паузата.

Тамкин Калилзаде (72) израмни по асистенцијата на Сејдаев, а до крајот Азербејџанците успеаја да ги задржат Хрватите и извлекоа бод.

По ремито, Хрватска останува на врвот со 10 бода од 5 одиграни натпревари, а подоцна вечерва Унгарија ја пречекува Словачка и, доколку биде успешна, може да ги смени на врвот.

„Азерите” остануваат на дното по првиот освоен бод во овие квалификации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот