Само биберот е вечен: Кој е рокот на траење на зачините? 

зачини
фото: Pixabay

Кога подготвуваме јадење, обично се прашуваме дали го имаме вистинскиот зачин за него, но никогаш не се запрашуваме дали тој е и сѐ уште употреблив.

 

Всушност, присетете се – кога посегнувате по ќесичка цимет, рузмарин или оригано, сигурно не размислувате за тоа кога сте ја отвориле. За вас е важно само да го имате зачинот и дека рецептот нема да мора да претрпи промени.

Зачините чувајте ги една година

Меѓутоа, и зачините имаат рок на траење – не треба да ги чуваме на полиците повеќе од една година. Ова особено се однесува за мелените зачини, додека, на пример, стапчињата цимет или ѕвездениот анасон можат да траат многу подолго, бидејќи нивната внатрешност не е изложена на кислород, кој со текот на времето го менува вкусот и мирисот на зачините.

Зачините чувајте ги на темно место

Најдобро е да ги чувате зачините на суво и темно место, во херметички затворени садови. Се разбира, дури и ако го употребите оној што долго стоел, тоа нема да му наштети на вашиот стомак, но вашето сетило за мирис и вкус нема целосно да ужива.

Неограничен рок на траење

Ванилата има неограничен рок на траење, а најдолго ќе ви потраат зачините во изворната форма, што значи немелените (каранфилче, бибер во зрно) – дури четири години.

Ова важи и за семето (со тоа што афионот и сусамот треба да се заменат по две години), како и екстрактите. Мелените зачини (куркума, мускатно оревче, цимет) ќе траат од 2 до 3 години. Билките (магдонос, босилек…) најдобро е да ги искористите пред истекувањето на третата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот