Само 8 отсто од работниците се вратиле на работа во канцелариите на Менхетен по пандемијата

Вакцинација против коронавирусот во Њујорк, САД
Вакцинација против коронавирусот во Њујорк, САД / Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Враќањето на Њујорк во вообичаениот ритам по пандемијата на коронавирус е сè уште бавно бидејќи само мал дел од канцелариските работници на Менхетен се вратиле физички на работа, покажа истражувањето.

Резултатите од истражувањето спроведено од Партнершип за Њујорк Сити, кое ги претставува најголемите работодавачи во Големото јаболко, покажуваат дека на крајот на април, 62 отсто од канцелариските работници кои работат на Менхетен работеле од дома во нормален работен ден, а само еден од дванаесет работници или само осум проценти пет дена во неделата и физички доаѓале во канцеларија.

-Колку подолго луѓето работеа од дома, толку подолго сакаат да продолжат да работат на тој начин, вели Кети Вајлд, извршен директор на Партнершип за Њујорк Сити. – Тоа се нарекува инерција. Колку подолго луѓето прават една работа, толку е потешко да ги натерате подоцна да ги променат своите навики.

Враќањето на работа е многу побавно отколку што предвидуваше организацијата пред омикрон за прв пат да го направи нормалниот живот во Големото јаболко невозможен.

Истражувањето спроведено на крајот на октомври покажа дека речиси половина од канцелариските работници на Менхетен физички ќе дојдат во нивните канцеларии до крајот на јануари.

Пред една година се покажаа неточни предвидувањата за враќање во нормала. Истражувањето од март 2021 година покажа дека работодавците очекуваат околу половина од работниците да се вратат во канцелариите до септември лани, што не се случи.

Околу 78 отсто од големите компании и работодавачи веруваат дека комбинацијата на работа од далечина и присуство во физичката канцеларија ќе остане меѓу вработените, покажа истражувањето.

Многу њујорчани продолжуваат да го наведуваат криминалот и вознемирувањето како една од причините зошто не сакаат да се вратат во канцеларијата. Речиси две третини од испитаниците рекле дека подобрувањето на јавната безбедност и решавањето на кризата со бездомниците во мултимилионскиот град ќе придонесе кон враќање на работниците во канцелариите.

-Анкетата покажа дека луѓето се загрижени за криминалот, бездомништвото и менталното здравје, но во исто време чекаат нивните колеги да се вратат во нивните канцеларии. Всушност, сите чекаат Менхетен да се врати на она што беше во 2019 година, вели Вајлд.

Вајлд е убедена дека луѓето ќе се вратат во нивните канцеларии на Менхетен во следните две години, но во исто време бавниот процес на враќање може да ѝ наштети на економијата на големиот град.

Во март, стапката на невработеност во Њујорк беше 6,5 отсто, што е речиси двојно повеќе од националниот просек од 3,6 отсто. И бројот на патници во јавниот превоз е намален за околу 40 проценти во однос на 2019 година, а лошата вест е што овој процент не се менува со месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот