Само 30 луѓе на ден можат да проверат ЦРП и Д-димери во лабораторијата во „Јане Сандански“

Profimedia
Profimedia

Вратете се утре или задутре, апаратот не работи. Примаме само 30 пациенти дневно, им одговориле на пациенти пред лабораторијата во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. Иако имале упат за тестирање т.н. де-димери, ЦРП кои се важни за ковид позитивни, тие морале да платат за тоа во приватна лабораторија. На шалтерот пишувало дека апаратот за биохемиски анализи е расипан и примаат само 30 пациенти дневно.

– На шалтер една жена се расправаше зашто ѝ рекле да се врати утре. Имаше жена со дете со посебни потреби, двајцата позитивни на ковид-19, и ним не им земаа крв зашто бил пречекорен бројот на пациенти за тој ден. Мене ми рекоа дека се поправа апаратот, ни рече Наташа Насков.

Раководителката на лабораториска дејност во ЈЗУ Здравствен дом Скопје, Евица Влашки, уверува дека машината работи, но дека може да се примат само 30 пациенти на ден со дијагноза ковид-19, бидејќи станува збор за специфична процедура, а пациентите што не се примени таму, може да отидат во други здравствени домови.

– Тоа е максимумот. Одделивме простор за ковид-позитивни за да не се мешаат со здравите. Само здравствените домови ги работат овие упати. Почнавме со три, па се проширивме за уште три лаборатории за да може да се изработат што повеќе анализи. Оваа дијагностика бара посебни апарати и реагенси, вели Влашки.

Таа вели дека Здравствениот дом работи на обезбедување нови апарати за да се зголеми бројот на термините, а Министерството за здравство обезбедило пакети за испитување параметри поврзани со ковид-19 кои чинат 250 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот