Само 120 грама од оваа риба буквално можат да ви го спасат животот

Здравиот начин на исхрана подразбира барем еднаш во текот на неделата на вашето дневно мени да се најде риба.

Нутриционистите и експертите  за здрава храна препорачуваат во текот на 7 дена, задолжително да изедете најмалку 300 грама риба, но, за жал, ретко кој се придржува кон вака дадените препораки.

Доколку и вие сте од оние што мирисот и вкусот на рибата не им е најомилен па поради тоа ретко ја консумираат, тогаш барем обидете се кога еднаш ќе се решите да јадете риба, да ја јадете онаа што во својот состав содржи најмногу витамини и здрави масти и која ќе ви даде многубројни здравствени придобивки.

Изборот на риба секогаш треба да биде на онаа што е богата со омега-3 масни киселини. Токму тие омега-3 масни киселини имаат повеќекратно позитивно влијание врз работата на срцето, а овие масни киселини најлесно ќе ги најдете во исклучително мрсните риби, чие месо изобилува со овие исклучително здрави маснотии.

Токму само 120 грама месо од ваквите масни риби во текот на една седмица, можат значително многу да ја подобрат функцијата на срцето, да го намалат ризикот од појава на мозочен удар и речиси 40 отсто да ја намалат можноста за појава на Алцхајмерова болест.

Доколку, пак, сте од онаа група луѓе што во никој случај не сака да внесува риба во својата исхрана, тогаш обидете се да јадете барем поголеми количества морски плодови. Со одредени сосови и маринади можете комплетно да им го неутрализирате вкусот и мирисот и на тој начин лесно да ги изедете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот