Само 11,3 отсто излезеност во вториот круг од изборите во Тунис

Тунис / Фото EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Гласачите во Тунис масовно го бојкотираа вчерашниот втор круг од парламентарните избори во земјата, бидејќи на гласање излегоа само 11,3 отсто од осумте милиони граѓани со право на глас, покажуваат прелиминарните резултати на Државната изборна комисија.

Американските медиуми потсетуваат дека оваа бројка на излезени гласачи е приближно слична на онаа од првиот круг од изборите, што беше одржан минатиот месец.

На гласањето не излегоа огромен број незадоволни граѓани од состојбата во земјата, а влијателната исламистичка партија Енада и другите опозициски движења ги бојкотираа изборите, кои, според американските медиуми, се сметаа за важен тест за претседателот и демократијата во земјата.

Арапскиот свет овие избори во Тунис ги гледа како последен обид на претседателот Каис Саид да ја консолидира моќта, да ги „скроти” исламистичките ривали и да ги придобие кредиторите и инвеститорите, што му се потребни за да се спаси уништената економија, додава американската агенција.

Со вака слабиот одѕив сега се доведува во прашање легитимноста на идниот парламент и може да се комплицираат плановите на претседателот Саид.

Државната изборна комисија се очекува в среда да ги објави првичните официјални резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот