Самите направете витамин Ц во прав на лесен и едноставен начин

Внесувањето на витаминот Ц во организмот е многу важно бидејќи ни овозможува зајакнување на имунитетот, подобрување на работата на виталните органи како и зголемување на концентрацијата.

Сепак, луѓето секогаш не се во можност во текот на едно деноноќие да изедат поголемо количество овошје какви што се лимони, портокали, мандарини…

Токму затоа, во обид да го зајакнат имунитетот, сѐ поголем број луѓе се одлучуваат да пијат таблети, во кои е концентриран овој исклучително важен витамин.

Сепак, верувале или не, наместо да пиете таблети, самите и тоа во домашни услови можете да направите витамин Ц во прав и тоа во неограничено големи количини.

Сѐ што треба да направите е да си купите некое цитрусно овошје како што е лимон, лимета или, пак, портокал и мандарина. Потоа овошките убаво измијте ги и оставете ги да искиснат во сода-бикарбона и вода околу 5 часа.

Повторно измијте ги, излупете ги и оставете им ја кората убаво да се исуши.

Кога кората ќе биде доволно сува, ставете ја во блендер и убаво измиксирајте ја.

Вака добиениот витамин Ц, можете да го растворате во вода или пак да го додавате во омилените јадења. Рокот на вака подготвениот витамин Ц е три месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот