Самите ќе пропаднат во ќенефот на времето

Неодговорените прашања во политиката се како нерешено убиство. Секогаш ќе се најде некој што ќе ги поставува прашањата одново и одново. Додека не се пронајде и казни злосторникот, секој што држи до себе, постојано ќе се навраќа на прашањата зошто, како, кој… Ниедна врева, ниедна пропаганда, нема никогаш да ги избрише „снимките“ во времето и просторот, во животот на луѓето.

Бесполезна е таа битка со времето и со сеќавањата на луѓето за тоа што го прават криминалните умови. Тоа се мрачните ликови кои ги гледаме насекаде и секој ден, луѓе чија единствена цел е да се збогатат и да се извлечат од заслужената казна. Ниедна цена, ниедна жртва не е висока за нив, ни животот и достоинството на луѓето, ниту достоинството и напредокот на државата, па ни нејзиниот опстанок. Работат упорно да ја уништат државата, за која велат дека би умреле за неа, прават селфи фотографии со по три прстиња, а цивкаа и молеа во судница, правдајќи се дека само носеле вода…

Прочитајте и...  Секако е наше право, но нема ништо револуционерно во апстиненција од гласање

Тоа се тие гнасни, бескарактерни и неморални креатури што кукавички се кријат зад демократијата и слободата на изразувањето. Изгледаат моќно, се чини дека се сеприсутни, некогаш звучат дури и доследно, но кога човек знае што се крие зад нивните зборови и гестови, може само да ги презира и отфрли, ништо повеќе.

Можат, со валканите пари што им стојат на располагање, да владеат со виртуелниот простор и умовите на луѓето, но само привремено. Неодговорените прашања (нерешените убиства) се како праведници што мечтаат по слобода и светлина, кога- тогаш успеваат да ги скршат прангите на лагата. Нема пари и нема ум што може да ги направи лагите вечни. Лагите не се вечни. Злосторствата никогаш не се забораваат. Ниеден правен систем не може да го избрише или амнестира срамот.

Прочитајте и...  Кога крадецот ќе крикне - „држ’те го крадецот“!

На тие грди ликови, непријатели на фактите и реалноста, им нема лек, ниту спас. Човечката правда е бавна, често недостижна, но тоа никогаш не значи дека се спасиле. Им проаѓа животот во морална мизерија, во длабоко потиснато чувство на тегобност кога ќе се видат во огледало или во одразот на големите згради што ги изградија, крадејќи од устите на децата на оваа земја. Скелетите во нивните гардероби со прескапи костуми ги демнат секое утро пред да се дотераат. Еден ден, скелетите ќе излезат, а одразот на нивните лица ќе биде брутално чист и јасен.

Портите на Аркам, азилот за криминално болните, ширум ќе се отворат…

Превртливци и морални руини не заслужуваат човек да ги погледне ниту да ги запомни. Ако останат запаметени, тоа нема да биде по добро, колку и да се трудат да ги прекројат минатото и сегашноста.

Прочитајте и...  Сѐ е во насмевката, повторно!

Ниедно селфи нема да им помогне да го оттргнат или барем да ја разблажат смрдеата што ја шират околу себе, ниедна досетка во нивните пораки испишани на валканите електронски страници во тој бескраен контејнер (интернет). Попрво машините имаат душа и дух, отколку тие избледени хуманоиди. Нема зошто да се грижиме, самите ќе пропаднат во ќенефот на времето.

Прочитај повеќе

Секако е наше право, но нема ништо револуционерно во апстиненција од гласање

Ерол Шаќири

Сѐ е во насмевката, повторно!

Ненад Јовановиќ

Кога крадецот ќе крикне – „држ’те го крадецот“!

Манчо Митевски

Дотерани до никаде

Жанета Скерлев

Браво за злосторничкото ВМРО, едвај тројка за СДСМ

Мирослав Грчев

За кого работи Агенцијата за филм?

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Изборни ветувања во сенката на шовинизмот

Ивица Челиковиќ

Предизборни бисери

Мухамед Халили

Режим, полициска бруталност и реакции со двоен аршин

Срѓан Ивановиќ

Кој ќе победи на изборите?

Сашо Орданоски

Изборни желби: „I have a dream“

Божидар Миљовски

Гаф, замор, деконцентрација – „федерализација“!

Сашо Орданоски