Самит на Македонија2025 во Скопје

Самит на Македонија2025 во Скопје/Фото: МИА

Невладината „Македонија2025″ денеска и утре во Скопје ќе го одржи 11-тиот Самит на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ кои ќе учествуваат на панелот „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка”.

Според организаторот, фокусот на Самитот ќе биде кон се она што може да се направи за да се избегнат кризите и да станеме попродуктивни и со тоа да се подобри животниот стандард на граѓаните и деловното опкружување за бизнисите.

-Самитот почнува со економски теми и со разгледување на тековните проблеми и она што се случува во Западен Балкан, а потоа ќе поминеме на темите за кои мислиме дека ќе донесат подобра иднина. Сакаме да покажеме и успешни приказни од бизниси од Македонија и од регионот. Очекуваме околу 40 говорници и околу 400 гости. Главната тема на самитот е поврзана со дигитализацијата и технологиите и како тие носат кон компании, работна сила и администрација на иднината, односно како може да помогнат да станеме поефикасни и попродуктивни и да се подобри животниот стандард, изјави Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на „Македонија2025″.

И годинава, на самитот ќе учествуваат креатори на политики, лидери на компании, членови на дипломатскиот кор и на меѓународни организации и претставници на академската и граѓанската заедница. Ќе доминираат говорници од Западен Балкан и Југоисточна Европа, како и претставници од македонската дијаспора, главно од САД и Канада.

На Самитот ќе се дискутираат актуелни теми, како што се дигитализацијата, развојот на технологијата, важноста на лидерството, градењето на глобални брендови, дигиталните општества, работните места и човечкиот капитал, како и „блок-чеин” технологиите.

Српската премиерка Ана Брнабиќ во посета на Северна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот