-2 C
Скопје

Сами си прават комисија по закон, сами си прават проценка: Поднесени првите барања за штета од пожарот во ТЦ „Глобал“

Сопствениците и корисниците на деловни објекти, кои претрпеа штети од пожарот во Трговскиот центар „Глобал” во Струмица, почнаа да доставуваат барања за финансиска помош до Општинската комисија за проценка на штети од елементарни и други непогоди. Според Ацо Ѓоргиев, претседател на комисијата, досега се поднесени десет барања.

– Според единствената методологија за проценка на штети од елементарни и други непогоди, правните лица сами ја проценуваат штетата формирајќи сопствена комисија. Пополнетите формулари ги доставуваат до Општинската комисија, која како збирен извештај го доставува до Советот на општина Струмица и по неговото усвојување ќе биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети, а ќе биде даден на разгледување и во Бирото за судски вештачења, појаснува Ѓоргиев.

Прочитајте и...  На секој половина час Ковид-19 одзема живот на медицински работник

Додава дека во наредниот период се очекува зголемување на бројот на пријавителите и откако ќе бидат доставени сите барања Општинската комисија ќе ги сублимира во заеднички извештај за штетата.

Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 јануари, опожарен е голем дел од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а урнат е дел и од покривот.

Поврзани вести

Брнабиќ: Фотографиите од убиствата не беа многу страшни, има и пострашни

Слободен печат

Растурена свадба во хотел во Тетово

Слободен печат

Австрија ја суспендираше вакцината Астра зенека

Слободен печат

Коневски очекува отчет од Мицковски пред делегатите

Слободен печат

Зошто жените губат во градоначалничката трка?

Весна Тодоровска

Шахпаска: Преку Законот за родова еднаквост ја зајакнуваме улогата на жените во секоја сфера на општественото живеење

Слободен печат

Остави Коментар