Самерленд ќе завршува час порано

По добиеното барање од група граѓани од Дебар Маало во однос на бучавата од настаните коишто се организираат во рамките на манифестацијата „Самерленд“, што се организира во Градскиот парк,  Градот Скопје донесе одлука за скратување на траењето на активностите на оваа манифестација и истите да завршуваат еден час порано.

Така, наместо до полноќ, програмата секоја вечер ќе трае до 23 часот, а истата ќе се одвива и со намалена гласност.

Целта на манифестацијата „Самерленд“ е во текот на месец јули да понуди интересни забавни содржини и активности за сите возрасти во Градскиот парк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот