Салвини нема да прими мигранти во Италија без согласност од Еврпа

Фото: EPA/ Giuseppe Lami

Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, истакна дека нема да дозоли 140 мигранти да слезат од бродот на италијанската крајбрежна стража без да добие согласност од Европа за тоа.

На голем дел од мигрантите што денеска се качиле на брод на крајбрежната стража синоќа им помогнал рибарски брод од Сицилија, чиј екипаж им дал вода и храна и ги повикал крајбрежните служби, пренесува „Танјуг“.

Салвини рече дека ниту едно италијанско пристаниште нема да биде одредено за истоварување на мигрантите додека другите европски земји не се согласат да ги примат.

Тој бара другите земји на Европската Унија да ги поделат трошоците и логистиката за превоз на мигрантите, кои најчесто доаѓаат од Либија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот