Салвини не си даде оставка, туку понуди соработка со најголемите партии

Фото: EPA/ Giuseppe Lami

Лидерот на италијанскара ултрадесничарка партија Лига, Матео Салвини се откажа од барањето Владата да поднесе оставка и предложи најголемите партии да работат заедно, за да ги решат горливите проблеми во земјата.

– Ајде да седнеме на маса и да постигнеме договор за пет приоритети за земјата: штедење, политика на раст, правда, инфраструктура и здравство, пред да биде доцна, а потоа можеме да одржиме избори, напиша Салвини на Твитер.

Тој претходно изјави дека мора да биде постигната согласност за новиот изборен закон.

Промената на ставот на Салвини е изненадување за многу аналитичари, додека дел од експертите наведоа дека тој изгубил надеж оти фрагментираната владејачка коалиција ќе се распадне наскоро. Исто така, аналитичарите наведуваат дека и во случај партиите да најдат заеднички став, тоа би бил долг процес, што би траел со месеци, ако не и со години.

Според анкетите, Лига е најпопуларна партија во Италија, со околу 30 проценти поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот