Салвини настојува да избегне судење за ситуацијата со мигрантите од минатата година

Фото: EPA/ Giuseppe Lami

Салвини во јули, две недели пред да ја „извлече“ неговата партија Лига од коалицијата со движењето Пет ѕвезди, на 131 мигрант одби да им овозможи симнување од бродовите, се додека некои европски земји не се обврзат да ги примат.

Италијанскиот десно-ориентиран лидер Матео Салвини, кој настојува да избегне судење за минатогодишната ситуација со мигрантите кога го блокираше нивното излегување од бродовите на италијанските брегови, тврди дека неговите чекори тогаш ги поддржувала целата влада.

Салвини во тоа време беше министер за внатрешни работи и се обврза дека ќе ја намали масовната имиграција од Либија, со отежнување на влезот во италијанските пристаништа за чамците и бродовите кои стигаа во земјата од Средоземното Море.

Салвини во јули, две недели пред да ја „извлече“ неговата партија Лига од коалицијата со движењето Пет ѕвезди, на 131 мигрант одби да им овозможи симнување од бродовите, се додека некои европски земји не се обврзат да ги примат.

Посебен суд советуваше на Салвини да му се суди поради претходно споменатиот инцидент, а во обвинението дека да се товари за незаконско задржување на мигранти. Доколку во постапката биде прогласен за виновен, му се заканува казна и до 15 години затвор.

Но, според италијанските закони, на поранешниот министер не може да му се суди за постапки кои ги направил додека бил на власт, освен ако истрагата не ја одбори парламентарениот одбор.

Одборот кој го сочинуваат 23 лица одлуката треба да ја донесат на 20 јануари, а адвокатот на Салвини во петокот ги предаде документите за одбрана на својот клиент, во кои се наоѓа и електронската пошта од канцеларијата на премиерот Џузепе Конте, за кои Салвини вели дека докажува оти владата ги поддржувала неговите постапки.

– Управувањето со мигрантската криза не е плод на автономната волја на министерството за внатрешни работи, туку иницијатива на италијанската влада – напишал Салвини во документите, додавајќи дека така постапил за да ги заштити „националните интереси“.

Истрагата за случајот со 131 мигрант потсеќа на случајот од август 2018 година, кога е побарано судење за Салвини поради одлуката за задржување на 150 мигранти на брод од страна на крајбрежната стража цели пет дена.

Тогаш парламентарниот одбор го блокираше спроведувањето на барањето за истрага, а тогашниот коалициски партнер на Салвини, Пет ѕвезди, го поддржа, со појаснување дека одлуката за задржување на мигрантите на бродот била заедничка.

Но, изгледа дека положбата на Салвини сега е помалку сигурна, поради фактот што од движењето Пет ѕвезди се уште се гневни поради неговата одлука да ја напушти коалицијата, оценува „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот