Салвини најави дека неговата партија е подготвена за договор со Берлускони – Слободен печат
ВестиПланета

Салвини најави дека неговата партија е подготвена за договор со Берлускони

Салвини додаде и дека ќе предложи договор што ќе биде поширок од спектарот на десниот центар.

Итлаијанскиот политичар и лидер на десничарската лига Матео Салвини, денеска најави дека неговата партија е подговена да направи се за да се постигне договор со партијата форца Италија на порашениот премиер Силвио Берлускони.

– Во следните часа ќе се сретнам со Берлускони и со Џорџа Мелони (лидерка на крајнодесничарската партија Браќа Италија) –  рече Салвини за весникот „Ил Џорнале“ кој е во сопственост на семејството Берлускони.

Салвини додаде и дека ќе предложи договор што ќе биде поширок од спектарот на десниот центар. Во коалицијата би можеле да влезат и таканаречените граѓански листи ориентирани кон локалните избирачи, пренесува порталот Политико.

Лигата на Салвини неодамна објави дека се распаднала коалицијата со Движењето пет ѕвезди и најави дека до Сенатот ќе упати предлог за изгласување недоверба на владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close