Салвини: Лига не е радикална десница

Фото: EPA/ Giuseppe Lami

Лидерот на италијанската опозиција Матео Салвини негираше дека неговата партија Лига, е екстремно десничарска партија, претставувајќи ја како умерена партија што сака поддршка од гласачите кои ја избегнуваа порано.

– Ние не сме радикална десница. Немаме амбиција да бидеме претставени во Италија како радикална десница, рече Салвини, кој излезе од Владата минатата година и всушност е лидер на опозицијата.

Тој пред странските новинари посочи дека „секој трет Италијанец гласа за Лигата, така што е јасно дека партијата мора да разговара со сите, не само со радикалната десница”.

Лигата е се уште најпопуларна италијанска партија со поддршка од околу 30 проценти од Италијанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот