Сали: Протестот на матичните лекари е легитимен, меѓутоа не е навремен

Беким Сали / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Министерот за здравство Беким Сали во врска со протестот на матичните лекари, најавен за денеска, истакна дека се во постојан контакт со сите здруженија вклучени во протестот, кој смета дека е легитимен, меѓутоа не е навремен.

– Сите тие претставници на здруженијата знаат дека ние интензивно работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита и сметам дека овој ден е само за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање. Меѓутоа, тоа е легитимно право и јас ќе им се придружам. Тие денеска ќе ми бидат гости и драго ќе ми биде да ги видам во протестот како група, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на реновираниот оддел за онкологија на Универзитетската клиника за детски болести.

Денеска по трет пат Здружението на приватни лекари ќе организира протест за, како што потенцираат оттаму, спас на опстанокот на приватното здравство во Македонија.

ВИДЕО | Денешниот протест е последен крик на матичните лекари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот