Сали Бериша: Киро Глигоров имаше важна позиција на Балканот и затоа треба да се откријат сторителите

Во судската одлука во Албанија, долга 180 страни се наведува дека имало сомнежи дека Хоџа бил замешан и во атентатот врз македонскиот претседател Киро Глигоров

Иако поминаа 25 години од атентатот на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров сè уште не се знаат ниту нарачателите ниту извршителите. Од 3 септември 1995 кога 20 килограми експлозив поставени во Цитроен АМИ 8 експлодираа на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ додека Глигоров со службено возило се движел кон Собранието до сега во јавноста се појавија неколку верзии за можни атентатори.

Првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигорв се обраќа на македонската јавност / 29 јануари 1991 / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Прво разузнавачката служба ги посочила „Ослободителната војска на Македонија“ со седиште во Австралија. Потоа на списокот на осомничени, според тогашниот министер за внатрешни работи се најдоа бугарската „Мултигруп“ и југословенската „КОС“. Но, немаше цврсти докази.

Во 2012 година судот во Албанија го осуди поранешниот шеф на разузнавачката служба ШИШ, Илир Кумбаро, за убиство на незаконски уапсен осомничен во 1995 година. Според обвинението Ремзи Хоџа бил грабнат од страна на тајната полиција под сомнение дека бил српски шпион. Исто така, во судската одлука долга 180 страни се наведува дека имало сомнежи дека Хоџа бил замешан и во атентатот врз македонскиот претседател Киро Глигоров од октомври 1995 година.

3 октомври 1995, денот кога се случи атентатот врз првиот Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот премиер Сали Бериша тогаш го обвини и Фатос Клоси, шефот на разузнавачката служба, дека е виновен за исчезнувањето на досието на Ремзи Хоџа.

Бериша за време на гостување во емисијата „Комшија шоу“ (Kojshia Show) која е објавена синоќа меѓу другото се осврна токму на убиството на Ремзи Хоџа.

„Навистина сакав да бидат пронајдени убијците на Ремзи Хоџа. Она за што ми е жал е обидот да се исполитизира. Истрагата, односно откривањето на случајот е многу важно.“, рече тој.

„Јас го викав шефот на разузнавачката служба, директорот на полицијата, генералниот обвинител и им барав да спроведат истрага. Подоцна оние што дојдоа, Фатос Клоси, кој ја раководеше разузнавачката служба, не направи никаква истрага. Тој е терорист, всушност, ако сторил грди злосторства за време на војната во Косово. Овој човек не направи истрага и воопшто не ги испраша оние што требаше да ги испраша. Ги отпушти од служба и избега во емиграција. Апсења се направени, но целосно политички и судот ги утврди овие незаконски апсења“, рече Бериша.

Сали Бериша / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Поранешниот премиер се осврна и на незаинтересираноста на Клоси за вмешаноста на Хоџа со атентатот на Глигоров.

„Се зборуваше дека тој бил дел од групата која го изврши атентатот на Киро Глигоров. Тоа се тешки обвиненија, а јас немав никаква информација, А тој (Клоси) воопшто не се интересираше, А зошто не се интересираше? Затоа што службите на земјите партнери потрошија околу 27 милиони долари за одбрана на Киро Глигоров. Тој имаше многу важна позиција на балканот“.

Бериша изрази жалење што телото на Хоџа се уште не е пронајдено.

„Истрагата, односно откривањето на случајот е многу важно“ заклучи поранешниот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот