Сали Бериша и семејството се непожелни за САД

сали бериша
Сали Бериша / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Меѓу оние кои до сега се прогласени за непожелни за САД е поранешниот главен државен обвинител Адриатик Лала, екс градоначалникот на Драч, Ванѓуш Дако и поранешниот пратеник и бизнисемен Том Доши. 

Порнешниот албански претседател, премиер и екс лидер на опозицската Демократска партија, Сали Бериша и семејството прогласени се за персона нон грата во САД.

Во изјавата на американскиот државен секретар Антони Блинкен објавена на 19 мај 2021 година, како и на официјалната веб-страница на Стејт департменот, стои дека „ во негово официјално својство, посебно како премиер на Албанија, Бериша бил вклучен во коруптивни активности, како на пример злоупотреба на јавни фондови, вмеаност во политики процеси, вклучително и употреба на моќ за лична корист и збогатување на политичките сојузници, како и членови на семејството”.

-Коруптивните постапки на поранешниот претседател на Албанија, Сали Бериша, ја поткопуваат демократијата во Албанија. Јавно изјавувам дека Бериша и членовите на неговото потесно семејство не се пожелни да влезат во Соединетите држави. Остануваме обединети против корупцијата со нашите партнери во Албанија, напиша Блинкен на Твитер.

Додава дека Бериша ја користи својата реторика за да се брани себеси, членовите на неговото семејство и неговите политички сојузници.

-Уште повеќе неговата реторика покажува дека тој е подготвен да се брани себеси, членовите на неговото семејство и неговите политички сојузници на сметка на независните истраги, антикорупциските напори и мерките за одговорност. Со оваа определба, ја повторувам потребата за отчетност и транспарентност во демократските институции во Албанија, владините процеси и постапките на албанските јавни службеници, нагласува тој.

Оваа определба, продолжува понатаму е дадена во согласност со Регулативата 7031 (ц) на Стејт департментот за надворешни операции и релевантни програми за финансирање, 2021.

-Покрај Сали Бериша, јавно објавувам дека и неговата сопруга, Лири Бериша, неговиот син, Шкелзен Бериша и неговата ќерка, Аргита Бериша Малтези немаат право да патуваат во САД, посочува Блинкен.

Ова, оценува, ја потврдува посветеноста на САД за поддршка на основните политички реформи за демократските институции во Албанија и нагласува дека САД продолжуваат да бидат со народот на Албанија.

Меѓу оние кои до сега се прогласени за непожелни за САД е поранешниот главен државен обвинител Адриатик Лала, екс градоначалникот на Драч, Ванѓуш Дако и поранешниот пратеник и бизнисемен Том Доши. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот