Салцбург да сака уште утре може да го купи Роналдо

Кристијано Роналдо /

Финансиската моќ на Ред Бул Салвбург е толку голема што без никакви проблеми може да го купи Кристијано Роналдо, тврди германскиот фудбалер Оливер Крагл кој две години играше за Риед.

Во австриската Бундеслига во последните шест години доминира само еден тим, Ред Бул Салцбург. Освен што доминира на фудбалските терени, Салцбург доминира и на финансиски план, пред се благодарение на главниот спонзор, компанијата Ред Бул од чие влегување во фудбалскиот тим во 2005 година се освоени 10 шампионски титули.

Финансиската моќ на Ред Бул Салвбург е толку голема што без никакви проблеми може да го купи Кристијано Роналдо, тврди германскиот фудбалер Оливер Крагл кој две години играше за Риед.

EPA-EFE/ANDREAS SCHAAD

– Верувајте, да сакаат уште утре може да го купат Кристијано Роналдо – вели Крагл кој смета дека австрискиот тим доколку настапува во германската Бундеслига би бил еден од фаворитите за титулата.

– Мислам дека многу добро би играле и во Бундеслигата. Се виде во Лигата на шампионите колку се добар тим. Против Ливерпул одиграа два одлични натпревари, а против Наполи не загубија. Дефинитивно се клуб за респект во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот