Салатите можат да дебелеат? Да, еве како

Profimedia

Сосот, познат како „дресинг“ за салата, и во мала количина може да брои до 300 калории кои непотребно и несвесно ги внесуваме.

Ви изгледа како здрава салата, а содржи до неверојанти 1.300 калории. Јасно е, салатите се одличен избор за време на диетите (и воопшто!), но внимавајте на овие скриени калории кои можат да го предизвикаат спротивниот ефект.

Внимание на сосовите

Сосовите или познати како „дресинг“ за салата се суперкалорични. Обично се комбинација на мајонез и сенф, а самиот „дресинг“ во мала количина може да брои до 300 калории кои непотребно и несвесно ги внесуваме. Речиси сите популарни сосови (да, премногу се вкусни!), содржат шеќер. Ако сте на диета, прескокнете го секој вид на „дресинг“ за салата, односно заменете го со јаболков оцет, малку маслиново масло и лимон.

Премногу масти

Дури и кога сме кај маслиновото масло кое е исклучително здраво, при диетите треба да се внимава и на него. Наросете од маслиновото масло во салатата, но најмногу до 1-2 кафени лажички. Не заборавајте дека една лажица маслиново масло содржи дури 190 калории. Сончогледовото масло пак, содржи речиси двојно повеќе масти.

„Погрешен“ зеленчук

Кога зборуваме за салата и за слабеење, мислиме на зелена салата. Таа е најдобриот избор. Богата е со витамини, минерали и се што е потребно за функционирње на нашиот организам, како и за слабеење. Би можеле секако, да си го збогатите менито на зеленчук со брокула, карфиол, спанаќ, модар патиџан, тиквички, краставички и домати, но внимавајте на боранијата, грашокот, морковот, цвеклото, гравот и воопшто зеленчукот кој содржи прилично шеќер и скриени јагленохидрати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот