Нешто поинакво: Салатата од јагоди е идеална во комбинација со месо на скара
Во време на подготовка на месо на скара, особено за викендите, обидете се да пробате една необична салата, која ќе ги изненади сите.
Комбинацијата е спанаќ и јагоди, а најважно е да ја ставите во фрижидер пред послужување, за да се излади добро. Количината е доволна за четири или пет лица, а ако ви остане прелив, сочувајте го во фрижидер до две недели.
View this post on Instagram
Во еден сад измешајте 2 лажици сусам, 1 лажица афионово семе, 100 г шеќер (или 2 лажици мед), 50 милилитри вински оцет, 100 милилитри маслиново масло, ¼ лажица вустер сос и 1 лажица сечкан кромид.
View this post on Instagram
Потоа покријте го садот со фолија и оставете го да стои еден час. Во голем сад измешајте 300 грама млад спанаќ, 900 грама сечкани јагоди и 40 г бланширани бадеми исечкани на ливчиња. Потоа полејте со преливот и оставете да стои во фрижидер 15-20 минути, па сервирајте со месо испечено на скара.