Саламите ќе поскапат до 30 проценти, масовно ќе се отпуштаат работници?

Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Мерката за бесцарински увоз на замрзнато месо за преработки истече на 5 јуни, а сопствениците на фабриките од месната индустрија бараат нејзино итно продолжување. Тие велат дека без таа мерка нивното производство значително ќе поскапи, а ќе бидат принудени и да отпуштаат работници.

– Ако нема бесцарински увоз на замрзнато месо, во најкус период односно за 2 до 3 недели во зависност од тековните резерви, ќе мора да ги зголемиме цените за износот на царината, а тоа значи за 20 до 30 проценти. На подолг рок ќе следува и престанок со работа на некои од месопреработувачките капацитети – изјави Гоце Трајчев, претседател на Групацијата на производители и преработувачи на месо.

Министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање, рече дека владата ќе го разгледа нивното барање и ќе се изјасни дали е оправдано продолжување на мерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот