Салах знае зошто Ливерпул не го победи Јунајтед! (ВИДЕО)

фото: твитер

Редси беа запрени само на „Олд Трафорд“, единствениот кој досега сезонава успеа да го спречи европскиот шампион од победа е Манчестер јунајтед.

Натпреварот се одигра во октомври, Маркус Решфорд ги доведе „Црвените ѓаволи“ во водство, а резервниот играч Адам Лалана на пет минути пред крајот на мечот го постави конечниот резултат на „Олд Трафорд“ (1:1).

Во тој дуел фудбалерите на германскиот менаџер Јирген Клоп не блескаа на теренот, а една од причините беше отсуството на Мохамед Салах поради повреда.

Египетскиот интернационалец имаше еден интересен одговор на новинарското прашање како Јунајтед успеа да го запре Ливерпул.

– Затоа што бев повреден – рече Салах кој почна да се смее.

В недела од 17.30 часот на „Енфилд“ ќе се одигра дербито на премиерлигашкото 23. коло. Моментно води сеуште непоразениот сезонава Ливерпул со 61 бод, додека Јунајтед на Оле Гунар Солскјер е на петтата позиција (34).

Според најавите кај тимот на Клоп нема да настапат поради повреда Клајн, Кеита, Ловрен и Милнер, под знак прашалник за настап се Фабињо и Матип.

А на спротивната страна поради повреда нема да настапат МекТоминеј, Погба, Рохо и Туанзебе, а не се знае дали ќе добијат шанса Бејли, Фосу-Менсах, Решфорд и Шо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот