Салах со спектакуларна размена се сели во Реал Мадрид?!

Дали Мадрид е следната станица во кариерата на Салах/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Преговорите околу новиот договор на Мохамед Салах изминатиот викенд започнаа, но денеска се прекинати поради големата разлика во очекувањата и понудата.

Ливерпул за нов четиригодишен договор со египетскиот репрезентативец нуди неделна плата од 400.000 фунти, додека агентот на Салах бара 100.000 фунти повеќе. Тоа е сума која Ливерпул во моментов не е подготвен да ја плати и да го направи Салах најдоброплатен фудбалер во Премиер лигата.

Салах во 2023 година ќе стане слободен играч доколку не дојде до договор и тоа значи дека Ливерпул мора да го продаде наредното лето  доколку сака да заработи нешто на фудбалерот кој во овие можеби моменти е најдобар фудбалер на светот.

На прекинот на преговорите помеѓу Ливерпул и Мхамед Салах веднаш реагираше Реал Мадрид кој на англискиот тим му понуди спектакуларна размена, Еден Азар плус пари за египетскиот репрезентативец.
Според таблоидот „Сан“ оваа понуда изгледа примамливо за Ливерпул каде веруваат дека Азар с враќањето во Премиер лигата повторно ќе ја врати формата од времето кога настапуваше за Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот