Салах со фотографијата пред божиќната елка ги налути фановите: Засрами се, го предаде исламот

Објавата на Салах доби многу негативни коментари/ принтсктин-Истанграм

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах и оваа година објави фотографија како со семејството седи под божиќна елка и го навлече гневот на илјадници муслимани од целиот свет.

Салах се фотографираше заедно со сопругата и ќерките пред божиќната елка, а неговиот потег го осудија голем број на фанови, неговата објава на Истаграм имаше повеќе од 50.000 коментари.

Многумина во коментарите го нападнаа Салах бидејќи е муслиман и му порачаа дека направил нешто недозволено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah)

„Засрами се, го издаде исламот. Ти си муслиман и не ти е дозволено да го славиш Божиќ. Самиот го знаеш тоа! Ова не е наш празник. Повеќе не си гордост на Арапите. Засрами се од сопственото име. Живеам во САД веќе 20 години и никогаш не сум го славел Божиќ. “, се дел од коментарите по објавата на Салах.

Не се сите коментари негативни, бидејќи има голем број кои му честитаат на Салах на желбата да покаже дека ги почитува и другите религии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот