Салах сака да биде најплатен фудбалер во Премиер лигата

Египќанецот има важечки договор со Ливерпул до 30 јуни 2023 година/Фото: EPA-EFE/Mike Hewitt/POOL

Мохамед Салах, чиј договор со Ливерпул истекува на 30 јуни 2023 година, преговара за нов договор со „црвените“, бидејќи желбата на египетскиот репрезентативец е да биде најскапиот играч во Премиер лигата, информираат британските медиуми.

Според „Фудбал Инсајдер“, Салах сака да добива околу 30 милиони евра годишно, со што значително би го надминал Ромелу Лукаку, кој во Челси добива 27 милиони евра, што го прави моментно најскап во Англија.

Неговиот агент тврди дека во неговиот евентуален нов договор треба да има многу подобри лични услови за играчот, со оглед на неговите одлични перформанси во дресот на Ливерпул.

Воедно се осврнува и на тоа дека Салах од почетокот на сезоната има 15 гола и пет асистенции за „црвените“ во досега 12 настапи.

Неговиот фантастичен настап против Манчестер јунајтед во победата од 5:0 на гостувањето кај Ливерпул е уште еден адут во рацете на неговите агенти во преговорите со раководството од „Енфилд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот